Зачувување на историско-мемориалните споменици

Compressed file

Россотрудничество организира активности за поддршка и зачувување на гробните места коишто се наоѓаат во странство, а се од историско-мемориално значење за Русија во соработка со Министерството за надворешни работи и Министерството за култура на Руската Федерација, Росархивот и Владината комисија за  прашањата на сонародниците во странство.

Во согласност со уредбата на Владата на Руската Федерација од 11 ноември 2010 година Бр.1948-р во списокот на значајни места се вклучени следните гробни места, коишто се наоѓаат на територијата на Република Македонија:

  • гробот на Владимир Мошин (Скопје, градски гробишта);
  • гробот на кнегињата М. Хованскаја, иконописецот И. Мељников, конзулот А. Лаппе (Битола, христијански гробишта);
  • гробот на орнитологот Н. Незлобински (Струга, градски гробишта);
  • гробот на И. Козицка (Зрзе, гробишта на манастирот).