Општествена дипломатија

Compressed file

Една од насоките на Претставништвото е народната дипломатија, односно меѓусебната соработка на државниот и невладиниот сектор, насочена кон раширување на меѓународните општествени врски. Во задачите, коишто се решаваат од страна на Россотрудничество е вклучена и организацијата на продуктивната меѓусебна соработка меѓу невладините фондови, асоцијации, сојузи и другите организации од Русија и од другите земји.

 

Можностите на „меката сила“ се користат за обезбедување на поволно окружување на Русија, создавање на модернизирани алијанси, зацврстување на евроазиската интеграција.

Россотрудничество е координатор на програмата „Ново поколение“, во рамки на која редовно се организираат студентски  посети на Руската Федерација за младите претставници на политичките, општествените и деловните кругови од странските држави, меѓу кои и од Република Македонија.