Промовирање на руската култура

Compressed file

Русија – е земја којашто поседува огромно културно наследство и многувековни традиции. Достигнувањата на Русија во областа на литературата, музиката, балетот, театарот, ликовна уметност коишто се признати во целиот свет. Делата на Пушкин, Достоевски, Толстој, Чехов, Есенин станаа дел од светската литература. Руската класична музика му подари на светот имиња како Чајковски, Глинка, Рахманинов, Стравински, Прокофјев, Шостакович. Руската ликовна уметност ја прославија многу уметници, меѓу кои се и Серов, Суриков, Васнецов, Иванов, Малевич, Шагал. Заслужен авторитет и признание ужива руската театарска школа. Цо Русија функционираат светски познатите театри – Мариинскиот театар, театрите Баљшој и Малиј. Рускиот балет го прославија Усланова, Плисецкаја, Нуриев; Баришников. „Руските сезони“ а потоа и „Рускиот балет“ на Сергеј Дјагилев собирале секогаш полни сали и биле едни од најкрупните настани во светот на културата. Во светската историја на операта се запишани имињата на Шаљапин, Лемешев, Вишневскаја. Класици на светското кино станаа филмовите на Ејзенштејн „Броненосец „Потемкин“", Александров „Веселите момци“, Пирјев „Свињарката и овчарот“, Бондарчук „Војна и мир“, Калатозова „Жеравите летаат“, Тарковскиј „Соларис“, Мењшов „Москва на солзите не им верува“, Михалков „Изгорени од сонцето“, Лунгин „Остров“, Котта „Брестската тврдина“.

Еден од правците на дејноста на претставништвото на Россотрудничество е представувањето на културното наследство на Русија надвор од нејзините предели, а исто така и поддршка на меѓународната соработка во областа на културата. Россотрудничество поддржува и реализира проекти во оваа област во согласност со Основните направленија на политиката на Руската Федерација во сферата на меѓународната културна соработка.

Россотрудничество учествува во билатералните години на Русија со други земји, а исто така одржува серија на настани во странство, посветени на важни датуми од руската историја.