Зацврстување на позицијата на рускиот јазик

Compressed file

Поддршката и промовирањето на рускиот јазик во странство е еден од најважните инструменти на межународната општествена соработка.

Според бројот на говорници во светот, рускиот јазик го зазема шестото место, според степенот на распространетост – осмо место. Според степенот на употреба на Интернет рускиот јазик се наоѓа на второ место. Тој е еден од најпреведуваните јазици во светот. На руски јазик зборуваат 146 милиони граѓани на Руската Федерација и 127 милиони лица, коишто живеат во странство.

Од октомври 2016г. во „Рускиот Центар“ при Универзитетот „Кирил и Методиј“, којшто беше отворен со поддршка на фондот „Руски Мир“ се одржуваат бесплатни курсеви по руски јазик за македонските граѓани (www.facebook.com/ruskicentarmk).

Рускиот јазик, литература и култура, исто така, се изучуваат и во училиштето за дополнително образование „Озарение“ (ozarenie.mk).