Поддршка за сонародниците

Compressed file

Активностите на Претставништвото на Россотрудничество во областа на соработката и консолидацијата на сонародниците се насочени кон зацврстување на врските со историската татковина, зачувувањето на националното културно наследство, поддршка и зачувување на етничкиот и културниот идентитет, развој и распространување на руската култура и на рускиот јазик во странство.

Работите се извршуваат заедно со регистрираните организации на руски сонародници во Македонија.

Претставиништвото помага во организирањето на изложби, конференции, фестивали и други настани за одбележување на значајни дати од руската историја и од настани од современата руска историја.

Во надлежностите на Россотрудничество влегува и реализацијата на Програмите за работа со сонародниците, коишто живеат во странство (уредба на Владата на Русија од 19 ноември 2014 г., Бр. 2321-р).

Една од активностите на Програмата е организација на учебно-образовни патувања на историските места на Руската Федерација „Здраво, Русија!“.

Работите за заштита на законските интереси на руските државјани се водат и преку Фондот за поддршка и заштита на правата на сонародниците, коишто живеат во странство.


Со дејноста на Владината комисија за прашањата на сонародниците, коишто живеат во странство може да се запознаете на нејзиниот сајт.